Испечати

Ќофтиња од урда-изварка

Ќофтиња од урда-изварка

Состојки

  • 500гр урда-изварка
  • 3 јајца
  • 2лажици брашно
  • 1/2 пециво
  • 1лажичка сол.црн бибер
  • 150мл зејтин за пржење(а доколку пржите во Делимано тавите многу помалку)

Подготовка

Изварката се посолува и убаво се меша. Се додаваат јајцата, брашното и пецивото и се изедначува смесата. На оган се загрева зејтинот, со лажица се зема од смесата се израмнува и се пржат ќофтињата.
Овие ќофтиња се одлични за мез, а и како дополнителен оброк.
Кај мене ова беше единствен начин да ги натерам децата да јадат изварка и се разбира овој рецепт стана често употребуван .