Испечати

Љубовна торта

Љубовна торта

Состојки

  • 300 гр Шеќер
  • 2 лажици Мелени ореви
  • 2 Белки
  • 2 лажици Презла
  • 6 Жолчки
  • 180 гр Маргарин
  • 100 гр Сецкани ореви
  • 1 Ванила
  • 3 лажици Густин
  • 100 гр. Чоколадо

Подготовка

Тесто:

2 бели, 2 лажици шеќер, 2 лажици мелени ореви и 2 лажици презла се матат. Се  печат 3 теста во калап за срце торта.

1 Фил:

6 жолчки се матат со 100 грама шеќер и се варат на пареа. Кога ќе се изладат се додава 100 гр. маргарин и 100 гр. сецкани ореви.

2 Фил: 

Во 300 гр. шеќер се додава 4 лажици шеќер, 1 ванила и 3 лажици густин. Се вари како крем и откако ќе се згусне се додава 100 гр чоколадо. На ладен крем се додава 80 гр. маргарин.

Се реди : тесто, 1 фил, 2 фил и постапката се повторува...

Се украсува со фондан и шеќерни ружи.