Рестован кромпир
Состојки
- 1 килограм Кромпир
- 1 главица Кромид
Подготовка
Кромпирот се вари и се сецка на коцки. Се пржи кромидот до златно-жолта боја и во него се додава кромпирот. Се пржи 5 мин. и се додава мешан зачин, мајчина душица, рузмарин и црн пипер. Кога се сервира врз него се става сечкан влашец.