Испечати

Кифли со јогурт

Кифли со јогурт

Состојки

  • 2 квасеци
  • 3 јајца
  • 200 мл јогурт
  • 300 мл млеко
  • 1 лажица сол
  • 1 кг брашно
  • 250 гр кристал маргарин

Подготовка

Квасецот го оставаме да надојде. Квасецот, јајцата, јогуртот, млекото, солта и брашното се замесуваат. Тестото се дели на 4 дела и од секој дел се сучи кора и се премачкува со маргарин и се предуплува. Потоа од секој дел се сучи кора и со калап е вадат кифлите. Кифлите се оставаат да надојдат, се премачкуваат со јајце, сусам и афион и се печат 20 мин.во загреана рерна.