Испечати

СУСАМКИ – СОЛЕНИ СТАПЧИЊА

СУСАМКИ – СОЛЕНИ   СТАПЧИЊА

Состојки

  • 2-3 големи лајци шеќер
  • 2 филџанчиња/200мл/ млеко
  • 1/2 финџалче/50мл/ масло
  • 1 паковање прашак за пециво
  • 1/2коцка/20гр,/ свеж квасец
  • 250-300гр бело кравско сирење
  • 3-4/во зависност од големината/ јајца
  • 1 кг брашно
  • 250гр маргарин
  • по потреба/околу 300гр. сусам

Подготовка

Брашното се одсејува и се помешува со пецивото.

Квасецот со шеќерот се потопува во млако млеко и се остава да надојде.

Сирењети се дроби со вилишка /нека биде понакрупно/и се меша со јајцата.

Маргаринот се дроби со раце во брашното,па му се додаваат останатите состојки од кои се меси средно меко тесто/по потреба се додава усте малку млеко-тоа зависи од врстата на брашно,бидејки секое брашно има различен процент на влага/.

Тестото  поделитего на  два дела. Едната поповина малку развлечете ја во правоаголна форма ,па работната плоча посипете ја со сусам,ставете го развлеченото тесто од горе и развлечете го до дебелина од 1 см.

Развлеченото тесто ,со остар нож или алатка за сечење тњсто,пресечете го на ленти од околу 2 см ширина и уште  еднаш во должина на околу 5-6 цм.

расеценото тесто посипетего со сусам и пофторно со благо притискање со сукалото или оклангијата поминете врз тестото да се залепи сусамот.

Готовите стапчиња ставете ги во подмацкан плен /немора да се многу раздалечени едно од друго/и пецете на умерена температура се додека не се заруменат. Температурата за печење зависи од самиот шпорет,кај мене тоа е околу 220C.

Истото пофторете го и со останатат половина тесто.