Моркови со млеко
Состојки
- 5 моркови
- 30гр путер
- 20гр брашно
- 300мл млеко
- 150 мл вода
- по потреба сол
Подготовка
Се чистат морковите и се сечат на кручиња.
Во едно тенџере се топи путер и се додава брашното. Се меша и се додабат млекото, водата и сол. Сето тоа се вари, внимателно да не изгори и кога ќе почне да врие се додават и морковите.
Се остава да се вари на тивок оган се додека морковите не се сварени и млекото не се згусти.
Тоа одлично ќе биде да се јаде со комбинација на месо по ваш вкус, како што можете да видите на сликата.