Медењаци
Состојки
- 3 чаши брашно
- 2 чаши шеќер
- 10гр сода бикарбона
- 1 пакетче цимет
- 5 лажици мармалад
- 2 чаши млеко
- Прелив
- 2 чоколадо за готвење
- 2 лажички зејтин
- 1/2 тегло мармалад
Подготовка
Брашното се мати со шеќерот, сода бикарбона и циметот. Во другиот сад ги ставаме мармаладот и млекото и ги промешуваме добро. Потоа сета смеса ја промешуваме заедно и ја печеме во намрсена тава околу пола час.
Кога ќе биде скоро готова, ја премачкуваме со мармаладот и оставаме да се допече уште малку.
Додека се пече со мармаладот, се растопува чоколоадото за готвење.
Кога ќе биде готова се премачкува со чоколадото и е спремна за јадење.