Испечати

Леб со пршута и фстаци

Леб со пршута и фстаци

Состојки

  • 125 мл топла вода
  • 125 мл топло млеко
  • 5 лажици масло
  • 100 гр пршута
  • 40 гр сецкани фстаци
  • 40 гр рендан кромид
  • 2 лажици пармезан
  • 2 лажици сецкан магдонос
  • 20 гр квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 1/2 лажиче сол
  • 500-520 гр брашно

Подготовка

Од сите состојки замесете тесто и оставете го да кисне 45 минути. Потоа размесете го и направете го во вид на топка, ставете го во плехче обложено со хартија и оставете го да стаса 40 мин. По желба можете да го засечите со остар нож.
Ставете го да се печи во загреана рерна околу 45 мин. на 180 С.