Шпагети со морски плодови
Состојки
- 300 гр мешани морски плодови
- 70 мл бело вино
- 250 мл вода
- 3 глајчина лук
- 200 гр шпагети
Подготовка
Во тава на маслиново масло запржете го исецканото лукче (многу малку, да не потемни), додадете ги морските плодови, виното, водата и зачините и оставете ги да се динстаат додека да испари течноста.
Додадете ги претходно сварените шпагети и се заедно измешајте.
Послужете ги со сецкан магдонос и парче лимон или по желба пармезан.