Испечати

Прокељ на скара

Прокељ на скара

Состојки

  • 500 гр прокељ, по можност што поеднаков по големина
  • За прелив
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица протиснат лук
  • 1 лажичка сенф во прав
  • 1 лажичка буковска пипер
  • 1 лажичка морска сол
  • 1/4 лажичка бибер

Подготовка

На прокељот отсечете ги дршките, отстранете ги жолтите ливчина, измијте го и оставете го да се потсуши.
Ставете го во поголем сад и гответе го во микробранова на најсилно 3 минути.
Додајте ги сите состојки за преливот, добро измешајте преливот да се нафати на целата површина на прокељот и оставете малку да подолади.
Загрејте ја скарата на средно јака температура. Ако печете на решетка, спуштете је на најниско ниво до грејачот.
Наредете ги главиците прокељ на стапчина за ражничи на растојание од 1-11/2 цм, со рачките на иста страна. Поставете ги на скарата прво со таа страна надолу и печете 5 минути. Завртете ги од другата страна и печете уште 5 минути.
Пред послужување премачкајте ги со преостанатиот прелив.
Може да биди прилог кон месо или со салата лесна вечера. Во истиот прелив јас гриловав и мали пиперки, одлични беа...