Шампињони на скара
Состојки
- 2 млади кромитчиња
- 4-5 чешњина лукче
- 100 гр маргарин
- 1 кутија свежи шампињони
Подготовка
- Маргаринот малку стопете го и во него исецкајте го лукчето, кромитчето, магдоносот, зачинете со мајчина душичка, ставете сол и бибер по вкус.
- На шампињоните извадете им ги рачките и во секоја чашка ставете од смесата со маргарин.
- Скарата-плотна загрејте ја не многу јако, малку намрсете ја и ставете ги печурките да се печат десетина минути.