Испечати

Резанки со тиквички и пилешко

Резанки со тиквички и пилешко

Состојки

  • 1 тиквичка
  • 3 црвени пиперки
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 600 гр пилешко бело месо
  • 2 средни компира
  • 2 раце полни резанки или јуфки
  • сол бибер,копер,магдонос
  • мало парче корен од ѓумбир

Подготовка

Прво се сече пилешкото месо на тенки стапчиња. Се става во тава вок да се пропржи малку. Потоа додадете го сецканиот кромид на листови и ренданиот ѓумбир. Полека нека се динста.
На страна исечете ги пиперките и тиквичката на ленти. Додадете ги во месото и продолжете да динстате. Исецкајте го едно мало чешне лук и додадете го во смесата.
На страна исецкајте го компирот на ситни коцки и сварете го. Пред крајот на варењето додадете ги резанките и доварете се заедно.
Откако се убаво ќе се издинста месото со зеленчукот, тргнете го на страна и со лажица решетка додадете ги компирот и резанките. Зачинете и се убаво полека да се измеша.
Декорирајте со сецкан магдонос.
Епа тоа е мојот денешен ручек.