Шампињони во тесто
Состојки
- 1 кг. Свежи Шампињони
- 300 мл. Зејтин за пржење
- Тесто
- 3 Јајца
- 250 мл. Бело Вино
- 1 лажица Зејтин
- 200 гр. Брашно
- малку Сол
Подготовка
Шампињоните се ставаат во посолена вода да вријат 10 минути. Потоа убаво се цедат од водата.
Во разматените јајца се додава белото вино, 1 лажица зејтин, брашно и сол. Тестото треба да биде нешто погусто отколку за палачинки.
Припреманите шампињони се спуштаат во припременото тесто, се потопуваат и се ставаат да се пржат на поголема количина зејтин, да пливаат.
Откако ќе добијат убава жолто-кафеава боја се вадат на хартиени салфети да се впие вишокот на мрснотија.
Се служи со сос од павлака, рендана свежа краставица, и лук.