ПРОЈА
Состојки
- 3 јајца
- 3 шољи бело брашно
- 3 шољи пченкарно брашно
- 2 шољи кисела вода
- 2 шољи зејтин
- 1 прашак за пециво
- 1 мала лажичка сув квасец (може, но не мора)
Подготовка
Јајцата се матат убаво додека не згуснат, а потоа се додаваат киселата вода, зејтинот,пецивото брашната и квасецот. Важен е редоследот бидејки прашакот за пециво се активира во киселата вода и тестото е помеко. Се мати додека убаво не се соедини.
Се пече на 250 степени во загреана рерна окулу 30ина минути
СОВЕТИ
Ова е основната смеса за проја. Ние дома често ја правиме и во неа пред печење додаваме окулу 250гр дробено сирење или ситно сецкан праз или спанаќ, но најубава ни е со неколку главици ситно сецкан кромид. Може да се додаде и сланинка сецкана во коцки. Можете да додадете што сакате по желба.
Може да се пече во обично тавче и не мора да се користи масна хартија, а може и да се пече во хартиена корпи (како на сликата) и може по желба да се посипе со сусам или ким.
Пријатно јадење.