Печи - гмечи
Состојки
- 5 кг везени пиперки,4 кг благи , а 1 кг лути
- 500мл масло за јадење
- 500 мл оцет
- 3-4 главици лук, 2 китки магдонос , сол околу 200 грама или по вкус
Подготовка
1.Пиперките се потпекуваат, ама не многу, да не поцрнат, се ставаат во најлон кеса.
2. Лукот се чисти, се сецка, магоносот се сецка и се измешува со лукот и солта.
3. Во загреани тегли се реди неколку пиперки, 1 лажица од смесата со лук, сол и магдонос по малку масло и оцет и се притиска со толчник, се повторува се додека не се наполнат теглите. Се завршува со масло.
4. Веднаш се затвораат теглите, се завиткуваат и се остават да се изладат.