Њоки со болоњезе сос со вино
Состојки
- 1 кг њоки
- 500 гр мешано мелено месо
- 1 помала главица кромид
- 1 морков
- 2 глајчина лук
- 250 мл вода
- 70 мл црно вино
- 1 лајче црвен пипер
- 1 ловоров лист
- 350 мл доматно пире
Подготовка
Подгответе го сосот.
1. На маслиново масло пропржете го кромидот, морковот и лукчето малку да омекнат. Се додава месото и се заедно се пржи уште неколку минути.
2. Се додава водата, виното и сите други зачини, покријте го и нека се динста додека испари течноста. На крај додадете го доматното пире и оставете го уште 10 минути да повари.
3. Ставете ги њоките да се варат во зовриена посолена вода 3 мин. Потоа исцедете ги и измешајте ги со подготвениот сос.
4. Послужете ги топли со пармезан.