Баварско пециво
Состојки
- тесто*
- 3 чаши брашно
- 1 чаша топла вода
- 1 кесичка сув квасец
- пола лажичка сол
- 2 лажички шекер
- пола лажичка црвен пипер
- 2 лаж омекнат маргарин
- за премачкување*
- 1 жолчка
- 1 лаж вода
- потребно уште
- 10 чаши вода
- 2 кесиња сода бикарбона
Подготовка
Рецептов го најдов одамна на еден блог.
Од сите состојки се замесува тесто и се остава да одмори околу 30-40 минути. Кога тестото е стасано се дели на 10 топчиња, секое од нив се формира во убаво кругче и се редат во плех на хартија. Се оставаат уште 20 минути да одморат. Во мегувреме се стават 10 чаши вода во сад на оган и се додава содата, се остава да зоврие. Стасаните топчиња се пуштат во водата и се варат по 40 секунди од двете страни. Со лажица решетка се вадат и се редат во плехот. Одозгора се премачкуваат со жолчката разматена со вода, се посипуваат со сусам и крупна сол. Се печат на 220 ц околу 15-20 минути.
Интересни излегоа, нешто како варен ѓеврек. Нам ни се допаднаа што значи ќе се прават пак...