Испечати

Детска пита

Детска пита

Состојки

  • 500 гр тенки готови кори
  • * За премачкување на корите
  • 200 мл млеко
  • 200 мл кисело млеко
  • 2 лажици брашно
  • 1/2 пак. (5гр) прашок за печиво
  • 100 мл масло
  • * За фил
  • 400 гр паризер
  • 400 гр кисела павлака
  • 1 јајце

Подготовка

Најпрво спремете го филот. Паризерот изрендајте го и измешајте го со јајцето и павлаката.
Потоа спремете ја смесата за премачкување на корите, така што сите состојки ќе ги изматите за добро да се соединат.
Се одвојуваат по 4 кори и секоја кора се премачкува со оваа смеса и се редат една врз друга. Мал дел од смесата тргнете настрана за премачкување одозгора.
Врз корите распоредете го филот со паризер и павлака, подвиткајте ги странично корите за да не ви паѓа филот и свиткајте ги во ролат. Истата постапка се повторува и со останатите кори.
Така свитканите кори се редат кружно во подмачкана тркалезна тепсија и се премачкуваат со остатокот од смесата.
Печете 25 минути во загреана рерна на 200 степени, односно додека не порумени.
Печената пита се сечи на триаголници и со чашка млеко или јогурт се угостуваат деца за појадок. Но, иако е детска, сигурна сум дека и возрасните подеднакво ќе уживаат во неа)))