Испечати

Обланди со чоколаден фил

Обланди со чоколаден фил

Состојки

  • 1 пакување обланди
  • ФИЛ
  • 4 јајца
  • 400гр. шеќер
  • 1 маргарин
  • 250гр. црно чоколадо
  • 2 ванили

Подготовка

1.Во длабок сад изматете ги јајцата и шеќерот

2. Во тава на оган ставете го маргаринот да се топи

3. Откако ќе се растопи полека со постојано мешање додавајте од изматената смеса

4. Додадете го и чоколадото и ванилите и мешајте додека смесата се згусти

5. На секој лист обланда, освен најгорната нанесете од филот

6. Одозгора ставете тврд предмет да ги притисне убаво обландите и оставете да отстојат една ноќ