Мусака со варени компири
Состојки
- 4-5 компири(средни по големина
- 1/2 кг. мелено мешано месо
- 3 мали лажици мешан зачин
- 3 јајца
- 3 големи лажици пресно млеко
- 3 големи лажици лебни трошки
- 1 главица кромид
Подготовка
Компирите ги вариме, но да бидат малку тврди, ги оставаме да се оладат.
За тоа време на оган го пржиме ситно исечканиот кромид, кога ќе омекне го додаваме меленото месо. Компирите ги лупиме ги сечеме по должина и редиме еден ред во тава за печење, врз нив го додаваме испрженото мелено месо и го додавме вториот ред компири и печеме на температура од 200 степени 15 мин. Солиме од лебните трошки, јајцата ги матиме додаваме мешан зачин, пресно млеко и ја прелеваме мусаката. Печеме уште 5 мин.на истата температура.