Ванилици со павлака
Состојки
- 200 гр свинска маст
- 100 гр кисела павлака
- 150 гр шеќер
- 2 јајца
- 2 ванили
- 500-600 гр брашно
Подготовка
Во сад ставете ги маста, јајцата, павлаката, шеќерот, ванилата и изматете ги со миксер. Додадете го брашното и замесете средно тесто. На набрашнета површина развлечете кора со дебелина 5мм и со калапчиња правите колачи. Печете ги на 180 степени околу 15 мин. Готовите колачиња лепете ги по две со еурокрем или мармалад по желба.