Испечати

Струмичка тава

Струмичка тава

Состојки

  • 600 гр месо ,пола телешко , пола јунешко
  • 10 пиперки, 2 модри домати, 5 црвени домати,1 главица кромид , 2-3 чешниња лук 5-6 компири
  • 2 дл масло за јадење
  • 2 дл вода
  • 1 лажица зачин, сол по вкус, црвен пипер

Подготовка

1. Се пржи месото, се вади од тавата.
2. Се пропржува зеленчукот, прво кромидот и пиперките, па модриот домат, црвениот домат се ставаат зачинот, солта, црвениот пипер и лукот исецкан ситно.
3. Се реди во намастена земјена тава .ред месо, ред зеленчук, ред компири.
4. Се полева со масло и вода се протресува, се затвора со алуминиумска фолија и се пече на 200 степени 2 и пол часа