Јаболков колач (избуричкај-испечи)
Состојки
- *Суви состојки
- 1 шоља гриз
- 1 шоља мелени ореви
- 1 шоља шеќер
- 4 лажици брашно
- 1 прашок за печење
- 1 лажица арома од ванила или 4 ванила шеќер
- * Мокри состојки
- 1 шоља млеко
- 1 шоља масло
- 2 јајца
- 4 рендани јаболка
- *Глазура
- 100 гр чоколадо (можи и млечно)
- 50 гр маргарин
Подготовка
Самото име на колачот покажува колку е лесна постапката за негово подготвување.
Измешајте ги сувите состојки и посебно мокрите, па потоа се заедно. Истурете ја смесата во тава 28 и печете ја на 180-200 степени некој половина час.
Растопете го чоколадото со маргаринот.
Исечете го скоро оладениот колач на парчиња и прелијте го со глазурата.
Колачот е едноставен за правење и многу сочен и вкусен за јадње. Уживајте!