Мајонез сос
Состојки
- 400 мл зејтин
- 100 мл млеко
- 1 лажиче нишесте
- 1 лажиче сенф
- 1 лажиче сол
- 2 лажици вински оцет
- 2 жолчки
Подготовка
1. Сите состојки, освен зејтинот и зачините, се матат со миксер
2. Зејтинот се додава во тенок млаз и се меша со најголема брзина на миксерот
3. На крај се додаваат зачините кои претходно се сомелени во машинка за кафе, се со цел да добијат прашкаст состав
Доколку сакате мајонезот да биде погуст, мешајте подолго, а може да ставите и дополнителни 50 мл зејтин.
Јас мојот го направив потечен
Ако сакате да направите дупла доза, користете 3 жолчки и 800-900 мл зејтин, а останатите состојки само дуплирајте ги.