Испечати

Ликер од портокал

Ликер од портокал

Состојки

  • 1л домашна ракија
  • 3-4 портокали
  • 250гр мелен шеќер
  • 1 пакетче цимет

Подготовка

Рецептов го видов пред некое време во една емисија и морав да го пробам. Не сум љубител на ракија ама ликеров го обожавам.

Портокалите ги цедиме и сокот го додаваме во шишето со ракија, а кората ја рендаме или сецкаме ситно и заедно со шеќерот и циметот ја додаваме во ракијата.
Се чува на собна температура околу 40 дена со повремено промешување за да се растопи шеќерот. По 40 дена се прецадува.

Наздравје !!!