Авганистански ќебап
Состојки
- 500 грама мелено месо
- 3 компири
- 1 главица кромид
- 2 лажици вегета
- 2 жолчки
- 2 лажици презла
- малку црн пипер
- 1/2 китка магдонос
Подготовка
1. Компирите се варат, па се пасираат.
2. Меленото месо се меша заедно со компирите, ренданиот кромид, вегета, жолчките, презла, црн пипер и магдонос.
3. Се остава во фрижидер 3 часа.
4. Се зема од смесата се формираат ќебапите. Се брбелаат во белка, па во презла и се пржат во врело масло.