Чоколадни сирови колачиња
Состојки
- 2 лажици ладно цедено кокосово масло
- 2 лажици какао во прав
- 1-2 лажици мед или агавин сируп по желба
- 2 лажици мелени бадеми, лешници или ореви
Подготовка
Рецепт за 5 колачиња.
Сите состојки се мешаат со лажица додека да се добие хомогена смеса.
Се полнат калапчињата од хартија или се прават бомбици.
Се ставаат во фрижидер ( замрзнувач) 10 минути и се добива највкусното здраво благо.
Овој рецепт го сподели со мене мојата колешка Љупка.
Многу сме и благодарни сите..особено тие што обожаваат блачко како мене.
Уживајте!