Испечати

Летна проја со зеленчук

Летна проја со зеленчук

Состојки

  • 200 мл. млеко
  • 100 мл. јогурт
  • 2 јајца
  • 200 мл. кисела павлака
  • 100 мл. масло
  • 12 лажици пченично брашно
  • 12 лажици палента
  • 100 гр. грашок
  • 100 гр. пченка
  • 2 моркови
  • 2 средни компири
  • 1 пециво
  • сол, мешан сув зеленчук,црвен пипер

Подготовка

1. Во длабок сад со солена вода ги вариме грашокот, компирите исечени на коцки и морковите. Кога 'е се сварат се цедат од водата и морковите се ставаат на страна.
2. Во подлабок сад се матат јајцето, маслото, млекото и јогуртот во компактна смеса, се посолува и се додаваат зачини по желба. Се додаваат сварениот компир и грашок и се добро се меша.
3. Во посебен сад се мешаат двете брашна и пецивото и постепено со постојано мешање се додава во смесата од млекото и зеленчукот.
4. Добиената смеса се дели на два дела и во едниот дел се става малку црвен пипер.
5. Во подмачкано помало тавче се истура прво тестото без црвен пипер се става во загреана рерна на 200 Ц да се запече неколку минути се вади одозгора се редат сварените моркови исечени на кругови, и се полива со другата половина од смесата.
6. Се пече додека не добие убава боја одозгора (неколку минути)
7. На страна се мати едно јајце заедно со павлаката се посолува и се полива врз печената проја. Одозгора се реди пченката и се заедно се пече неколку мин.
8. Се служи топло.