Сувомесната погача
Состојки
- 250 гр сецкано мешано сувомеснато (чајна, шунка, свински врат, виршли...)
- 50 гр сецкани маслинки со пиперка
- 100 гр сецкано јако сирење
- 50 гр рендан кашкавал
- 80 мл масло
- 250 мл млеко
- 2 јајца
- 25 гр квасец
- 1/4 лажиче бибер
- 1/2 лажиче сол
- 750 гр брашно
- 1 лажиче рузмарин
Подготовка
1. Од сите состојки замесете средно тесто и оставете го да кисне на топло 45 мин.
2. Потоа размесете го и поделете го на 9 топчиња. Ставете ги во округло плехче (бр. 30). Оставете ја погачата да кисне 30 мин.
3. Намачкајте ја со изматено јајце, наросете ја со сусам и наредете неколку коцкички маргарин. Ставете ја да се печи на 180-190 степени 35 мин. За да не потемне можете да ставите хартија во текот на печењето.