Плазма торта
Состојки
- 300гр Плазма мелена
- 6 Јајца
- 250гр Шеќер во прав
- 200гр Чоколада за кување
- 1 Mаргарин кристал
Подготовка
Прво јајцата ги одделуваме посебно на жолчки и белки,и чоколадото за кување се топи.
Во смесата каде што се жолчките заедно со маргаринот се бијат,и се додава шеќерот во прав и топеното чоколадо и повторно се бијат со миксер.
Настрана ги биеме белките и откако тоа ќе се избие ја соединуваме смесата,па ја додаваме мелената плазма. И сето тоа заедно го биеме со миксер.
Откако тортата ќе ја ставите во ладилник може да ставите шлаг и да ја ставите тортата на ладно место(не во ладилник).
Прекрасна торта,вкусна и лесна за правење! Кој ја направи и проба знае за што станува збор! Уживајте во добриот вкус