Басмати ориз со прелив од печурки
Состојки
- За подготовка на рижото
- 1 филџан 250мл Басмати ориз
- 200гр Замрзнат грашок
- 3 филџани Вода
- 20 гр Путер
- 1 коцка за супа
- За преливот од печурки
- 400гр Шампињони или буковки
- 3 чешниња Лук
- 4 лажици Свеж сечкан магдонос
- 250 мл хопла или бешамел сос
- 3 лажици пармезан
Подготовка
Во тенџере ставаме 3 филџани вода и оставаме да зоврие. Ја додаваме коцката за супа и путерот и го ставаме грашокот да се вари. После 7 минути го додаваме басмати оризот кој претходно сме го потопиле во вода неколку минути. Ја намалуваме температурата и оставаме оризот да се вари околу 15 минути со покриен капак, без мешање. По 15 минути го тргаме на страна и го оставаме да одстои покриен. За тоа време го подготвуваме преливот од печурки.
Во загреано тавче ги пропржуваме печурките со исечканото лукче додека не добијат златна боја. Посолуваме и наросуваме бибер. Ја тргаме тавата на страна и ја додаваме хоплата. Мешаме, повторно ја враќаме на тивок огин, мешаме уште малку, го додаваме сечканиот магдонос и повторно ја тргаме на страна. Басмати оризот го сервираме во средина на чинија, а преливот од печурки го сипуваме во чинијата од околу оризот и го наросуваме со пармезан. Декорираме по желба. Добар апетит.