Испечати

Солени мафини со грашок и шунка

Солени мафини со грашок и шунка

Состојки

  • За 7 мафини
  • 100 гр брашно
  • 100 мл млеко
  • 50 мл масло
  • 50 гр рендан кашкавал
  • 50 гр грашок
  • 2 лажици сецкан магдонос
  • 100 гр сецкана шунка
  • 2 јајца
  • 1 лажиче пециво
  • 1/2 лажиче сода бикарбона

Подготовка

1. Во сад се матат јајцата, млекото и маслото со жица. Се додаваат останатите состојки и убаво се меша.
2. Од смесата се зема со лажица и се полнат калапите за мафини обложени со хартијени кошнички.
3. Се печат 20-25 мин. во загреана рерна на 180 степени.
4. Оладени послужете ги со кисела павлака.