Пита со праз и сирење и прелив со квасец
Состојки
- 600 грама тенки готови кори
- 1 коцка свеж квасец
- 300 мил. слатко млеко
- 1 лажица шеќер
- 1 лажиче сол
- 1 лажица брашно
- 200 мил. зејтин
- 5 страка праз
- 300 грама кравјо сирење
- 2 жолчки
Подготовка
Прелив
Квасецот се става во млако млеко, се додава шеќер, сол и брашно и се чека квасецот да стаса.
Пред да се почне со попрскување на корите се додава зејтинот во смесата.
Фил
Ситно исецканиот праз се пропржува.
Кога ќе се олади се додава дробеното сирење.
Секоја кора се попрскува со стасаниот квасец, а на третата се става филот и се витка во ролат. Вака потготвени корите се редат во подмачкан плех.
Питата се сече и премачкува со жолчки пред да се пече.
Се остава да отстои 10-15 минути пред да се стави на печење.
Се пече на загреана рерна 25 минути на 200 степени или додека убаво не зарумени.
Пријатна вечера!