Испечати

Брзи погачици со кисело млеко

Брзи погачици со кисело млеко

Состојки

  • 3 јајца
  • 15 лажици брашно
  • 1 шолја јогурт (подобро е со кисело млеко)
  • 1 шолја масло за јадење (не полна)
  • 150 г сирење
  • 100 г салама (по желба)
  • 1 пециво

Подготовка

Изматете ги во еден сад јајцата, додајте го јогуртот, маслото, пецивото измешано во брашното. Промешајте со маталка (метална жица), па додајте го ренданото сирење. По желба можете да додадете уште малку рендана салама. Распоредете во тепсија или калапи за мафини, па испечете ги.
Со јогурт, топли, за појадок или вечера, се одлични.