Испечати

Солени мафинси со брашно од хељда и маслинки

Солени мафинси со брашно од хељда и маслинки

Состојки

  • 3 јајца
  • 300 гр сирење
  • 2 чаши јогурт
  • пола растопен маргарин (може и пола чаша масло)
  • 1 пецилен прашок
  • 8 супени лажици хељда брашно(органско)
  • 8 супени лажици палента
  • 1 лажиче мало сол
  • 2 лажици супени ленено семе
  • 50 гр сецкани маслинки каламата
  • 2 супени лажици семки од тиква

Подготовка

Прво се матат јајцата, а потоа се додаваат сите други состојки постепено и се добро се мати со миксер. На крај се додаваат и маслинките сецкани на мали парчиња и се меша со лажица. Оставете ја смесата да одстои малку додека се загрева рерната.

Се печат на 210 С додека не поцрвенат
(силиконскиот калап го ставив во плехче за печење да може да стои во релната и полесно да го извадите од релна )
Чашата е од 200 мл, а еве и слика од калапот силиконски.Позззз
Добар апетит