Солени француски крофни
Состојки
- 250 мл. млеко
- 50 гр,. маргарин
- 150 гр. брашно
- 80 гр. кашкавал
- прстовет сол
- 4 јајца
- за посипување малку рендано сирење
Подготовка
1. Млекото со прстовет сол и маргаринот ги ставаме на рингла да провријат, тргаме настрана и го додаваме брашното, враќаме пак на рингла и се меша со лажица се додека стане тестото како топка (исти начин како кога се прават еклери или тулумби)
2. Тргаме настрана и во сосема малку подоладено тесто ги додаваме јајцата. Кога се споиле јајцата со тестото и сме добиле една убава леплива хомогена смеса, додаваме кашкавалот исечен на коцки.
3. Со мало лажиче или во шприц со поголем отвор го истиснуваме тестото на мала оддалеченост бидејки треба да нараснат.
4. Врз секоја крофна ставаме од ренданото сирење.
5. Се стават во предходно загреана рерна на 200 степени и се печат околу 15 мин. а за тоа време не смееме да ја отвориме вратата на рерната.
ПОСЛУЖУВАЊЕ
Испечените и оладени солени француски крофни ги засекуваме на половина (тие внатре се празни) ги полниме со салата која останува вие да си ја изберете.
Одлични и необичен вкус....
Пријатно!