Чудо торта со аронија
Состојки
- ТЕСТО*
- 3 јајца
- 1 шоља шекер
- 1 шоља гриз
- 1 шоља брашно
- 100гр кокос
- 100гр суво грозје
- пола шоља млеко
- 1 пециво
- 5 лажици масло
- 2 лажици какао
- ШЕРБЕТ
- 3 шољи шекер
- 3 шољи вода
Подготовка
Овој рецепт го пронајдов во една стара тетратка со рецепти од 1965 година.Ова е оригинална верзија само што јас одозгора ставив готов карамел крем и малку од овошјето аронија.
Се матат јајцата со шеќерот, се додава гризот, кокосот, грозјето, млекото, пецивото, брашното, маслото и какаото. Целата смеса се става до долг длабок плех од 24Х20 и се пече во загреана рерна 25мин на 200Ц
Кога ќе олади се попарува со топол шербет.
Пријатно!