Пенаста торта со мак
Состојки
- Тесто
- 6 јајца
- 180гр шеќер
- 180гр маргарин
- 280гр мелен мак
- 2 штангли рендана чоколада
- 3лажици рум
- Глазура
- 100гр чоколада
- 1лајче шеќер во прав
- 3лажици масло
- 4лажици мармелада за премачкување
Подготовка
Оваа торта е за сите кои сакаат и обожаваат мак/ сочна и префинета торта.
Најпрво се матат жолчките со шеќерот, стопениот маргарин, румот и чоколадата. Потоа се додаваат изматените белки и полека се мешаат заедно двете смеси. На крајот се додава макот кој претходно е сомелен и се става смесата во округол калап со обрач бр.26. Се печи во загреана рерна 25мин(180ц). Печената торта се премачкува со мармелада(јас ја премачкав со мармелада од вишни)и се враќа тортата во релна да се суши 5мин. На крајот се прави глазура и се прелива тортата.
Во тортата нема пециво за нарастување бидејќи во тортата нема БРАШНО .
Пријатно!