Испечати

Посни американски палачинки

Посни американски палачинки

Состојки

  • 200 гр брашно
  • 350 гр оризово млеко или од соја
  • 50 гр шеќер
  • 50 гр стопен маргарин
  • 5 гр прашок за пециво
  • 1 пакетче ванила

Подготовка

Сите состојки се мешаат со миксер додека не се изедначи смесата. Се зема од смесата по пола црпалка и се става во загреана тава за палачинки. Оставете ги да печат на секоја страна 2-3 минути на тивок оган. Откако ќе се оладат сервирајте ги прелиени со јаворов сируп, мед или мармалад.
Од оваа смеса излегуваат окулу 10 палачинки.