Испечати
Објавено на 8 Февруари, 2012 од milica
Состојки
- 2-3 бисквити
- 4 лажици шеќер
- 4 лажици брашно
- 1/2 лажичка пециво
- 1 јајце
- 4 лажици млеко
- 3 лажици зејтин
- 2 помали шољи за кафе
- 1 лажица кокос
- 1 готов пудинг од чоколадо од 200 гр
Подготовка
- Во сад се ставаат брашното,шеќерот,кокосот и прашакот за пециво.Се промешуваат за да се соединат.Се додава јајцето и убаво се меша да се добие хомогена смеса.Се додаваат зејтинот и млекото и сето се соединува да нема грутчиња.Се дели смесата во двете шољи и се ставаат да се печат во микробранова 4 мин ако е од 850 вати или 3 мин на 1000 вати.
- Во пудингот се додаваат иситнети бисквитите и се меша
- кога ќе бидат испечени колачињата се оставаат да отстојат 2-3 мин да се оладат малку и им се става од филот.
- Забелешка:може да се користи фил по желба