Испечати

Сладок посен колач со моркови

Сладок посен колач со моркови

Состојки

  • 200 гр брашно
  • 90 гр нишесте
  • 170 гр шеќер
  • 400 гр рендани моркови
  • 60 гр дробени фстаци
  • 6 големи лажици вода
  • 100 мл масло
  • 1 пакетче прашок за пециво
  • рендана кора од лимон

Подготовка

1. Сите состојки се ставаат во длабок сад и се мешаат. Смесата се става во подмачкан правоаголен калап (30х11).
2. Се става да се печи во загреана рерна на 180 степени 45-50 минути.
3. Откако убаво ќе се олади, се наросува со шеќер во прав и се сервира.