Испечати

Двобоен ролат со кокос

Двобоен ролат со кокос

Состојки

  • Црно тесто
  • 400 грама мелени бисквити
  • 1 јајце
  • 150 милилитри млеко
  • 100 грама шеќер во прав
  • Бел фил
  • 1 маргарин
  • 5 лажици шеќер во прав
  • 150 грама кокос

Подготовка

Бисвитите се замесуваат со млекото, јајцето и шеќерот. Смесата ја ставаме на фолија и убаво ја исплескуваме да се израмни.
Маргаринот го матиме со 5 лажици шеќер и додаваме кокос.
Филот го мачкаме на црното тестото, виткаме ролат и го ставаме во замрзнувач да се стегне.