Шарен куглоф
Состојки
- За жолтата смеса
- 2 цели јајца
- 2 жолчки
- 1 чаша шекер,
- 1 чаша брашно, 2 лажици зејтин
- 1 лажичка пециво
- За белата смеса
- 2 белки
- 2 лажици шекер
- 1 ванила
- 2 лажици брашно
- 1 лажичка пециво
- За посип
- по 1 лажица како, кокос или ореви мелени
- За глазура
- 1/4 маргарин
- 5 лажици вода
- 2 лажици зејтин
- 1 лажичка како
Подготовка
Ова е другарот на Шарената раванија... верни другарчиња се тие..
ПОСТАПКА
1. Изматете со миксер белките заедно со шекерт и ванилата, додајте брашното во кое сте предходно измешале пецивото. Оставете настрана.
2. Изматете ги двете цели јајца и двете жолчки со шекерот, додајте зејтинот и брашното измешано со пецивото.
3. Кокосот или мелените ореви измешајте ги со какаото.
4.Во помала модла која е набрашнета или пак е поставено хартија за печење - излијте половина од жолтата смеса, посипете врз неа од посипот, врз посипот со лажица ставете од белата смеса, пак посип и најпосле врз посипот излијте ја останатата половина од жолтата смеса. Ставете да се пече.
5. Испечена извадете го колачот од модлата и ставете на решетка за да се олади.
6. Додека се лади колачот спремајте ја глазурата. Сите состојки ставете ги во еден сад и на оган стопете ги се до нивно потполно отопување и спојување. Оладениот колач полијте со го топлата глазура. Врз глазурата посипете кокос или мелен орев - зависи што сте избрале.
1 чаша = 100 мл.
Има и сликовит приказ кој се надевам дека ќе ви помогне.