Рестован компир
Состојки
- 1 кг компири
- 1 главица кромид
- 1 рака магдонос
- 1 1/2 лажице вегета
- 1/2 лажице црвен пипер
- малку црн бибер
- малку вода
Подготовка
1. Најпрвин ги вариме компирите. Потоа се лупат и се пасираат но не многу, да бидат поголеми парчињата.
2. Во караванче го пржиме кромидот, потоа додаваме вегета, црвен пипер и компирите. Убаво мешаме, па го додаваме црниот пипер, магдоносот и малку топла вода. Пржиме уште малку додека да изврие водата, а и компирите за се запржат.
3. Потоа караванчето го ставаме во загреана рерна, да се потпечат компирите 10-15 минути.