Ароматични моркови

Состојки
- 400гр моркови
 - 4 лажици маслиново масло
 - 1 чешне лук
 - 1 ловоров лист
 - 3 лажици црни маслинки без семки
 - 1 лажица сенф
 - 1/2 чаша бело вино
 - малку сол
 - малку бибер
 - 1 чаша вода
 
Подготовка
1. Исчистете ги морковите и исечете ги на кругови.
2. Ставете ги во тава со останатите состојки, додадете по вкус сол и бибер.
3. Оставете ги да динстаат за 30 минути, додавајќи по потреба вода.
4. Сервирајте ги како додаток на печено месо, пржена риба, ќофтиња и сл.