Чоколадни срца
Состојки
- 200 грама Бисквити
- 2 пакетчиња ВАНИЛА
- 4 Лажици Какао
- 1 Лимон
- 130 грама Маргарин
- 3 лажица/ци Мед
- 300 грама Ореви
- 50 милилитри Рум
- 8 голема лажица Шеќер во прав
Подготовка
Оревите се мелат доколку не се смелени.
Исто така се мелат и бисквитите.
Кората од лимонот се ренда.
Чоколадото се растопува. Најдобро е да се растопи со методата „сад во сад“.
Сите состојки се мешаат и се меси тессто со средна дебелина.
Од неа се вадат форми, нормално во срца и се прелеваат со топена чоколада. Се оставаат да се стврднат малку.