Испечати

Фокачо и салата со домати и моцарела

Фокачо и салата со домати и моцарела

Состојки

  • За фокачо
  • 400 г брашно
  • 200 мл вода
  • 2 лажички сув квасец
  • 1 лажичка сол
  • 3 лажици масло
  • 50 г маслинки
  • Салата со домати и моцарела
  • 2 - 3 домати
  • 2 топки моцарела

Подготовка

Замесете тесто од состојките, па оставете го да стаса во сад подмачкан со малку масло
Потоа поделете го на два дела, растегнете ги долгнавести да бидат, па потоа ставете одозгора чистени маслинки, ливчиња рузмарин и малку крупна сол.
Испечете ги во загреана рерна.
Послужете ги со салата од
- домати, моцарела прелеана со масло измешано со малку сечкан босилек и сол.