Турли тава со печурки
Состојки
- 2 глави кромид
- 3 зелени пиперки
- 2 моркова
- 1 црн патлиџан
- 1 тиквичка
- 2 домати
- 3 средно големи компири
- 200 гр печурки
- 2 лаж сушено нане
- 1 лаж црвен пипер
Подготовка
Еве уште еден брз летен ручек без месо, дека денес петок, па да јадеме нешто посно.
Сите состојки се сецкат, па се пржат на масло додавајки ги еден по еден почнувајки од кромидот се разбира, а за на крај ги оставив печурките. Се пропржува убаво, па се додават на крај зачините, се налева вода и се наросува сецкан магданос. Целата оваа смеса се претура во сад за печење и се става во рерна загреана на 200 с. Се пече околу 30-40 минути.