Шпагети со свежи шампињони
Состојки
- 350гр шпагети
- 400гр свежи шампињони
- 1 чешне лук
- 250гр неутрална павлака
- 4 лажици маслиново масло
- малку сол
- малку бибер
- 2 лажици сецкан магдоно
- 50гр пармезан
Подготовка
1. Ставете ги шпагетите да се варат во зовриена вода за 10 минути.
2. Во меѓувреме, измијте ги шампињоните и исечете ги на листови.
3. Ставете ги во тава со маслиново масло, сол, бибер и сецкан лук и пржите додека водата испари и печурките омекнат.
4. Додајте исецкан магдонос и павлака и убаво измешајте.
5. Сервирајте ги шпагетите во чинија и додајте го сосот. Наросете со пармезан.