Испечати

Лути макарони со сос од домати

Лути макарони со сос од домати

Состојки

  • 320гр макарони
  • 500гр домати
  • 1 луто пиперче
  • 2 чешниња лук
  • 4 лажици маслиново масло
  • 2 лажици сецкан магдонос
  • малку сол
  • 50гр пармезан

Подготовка

1. Ставете ги доматите во зовриена вода за 2-3 минути.
2. Излупете ги и исечете ги на мали коцки.
3. Ставете ги макароните во зовриена и посолена вода за 10 минути.
4. Во меѓувреме, во тава загрејте го маслиновото масло и додајте го исецканиот лук (внимавајте да не изгори) и лутото пиперче.
5. Додајте ги доматите и магданосот во тавата и оставете ги да се пржат 5 минути. Посолете по вкус.
6. Потоа сервирајте ги макароните и ставете го сосот од домати. Позолете со пармезан.